Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Михеј 1

1
Запустување на Јуда и на Израилот поради идолопоклонство.
1Словото Господово, упатено до Михеја од Мораст, во деновите на Јоатама, Ахаза и Езекија, цареви јудејски, со кое му беше откриено за Самарија и за Ерусалим.
2Чујте, сите народи, внимавај, земјо, и сѐ што те исполнува! Сведок нека е против вас Господ Бог, Господ од Својот свет храм!
3Зашто Господ, ете, излегува од Своето место, ќе слезе и ќе стапи на земните височини,
4и планините ќе се расклатат под Него, долините ќе се растопат како восок од оган, како водата што се пролива низ стрмнини.
5И сето тоа ќе стане поради нечесноста на Јакова, поради гревот на Израилевиот дом. Од кого е злодејанието на Јакова? Нели е тоа од Самарија? Од кого се идолските светилишта во Јудеја? Нели се тоа од Ерусалим?
6Затоа од Самарија ќе направам купишта урнатини во полето, место за садење лози; ќе ги сринам камењата нејзини во долина и ќе ѝ ги разголам основите.
7И сите нејзини резани ликови ќе се строшат и сите нивни дарови од блуд – со оган ќе бидат изгорени: сите идоли ќе ги разурнам; со дарови од блуд ги правела, и пак ќе бидат дарови од блуд превртени.
8Поради тоа ќе заплачам и ќе заридам, ќе појдам бос и оголен, ќе вијам како шакал, ќе плачам како змија;
9зашто тежок е нејзиниот пораз; тоа дојде до Јудеја, а стигна дури и до портите на Мојот народ – сѐ до Ерусалим.
10Не разгласувајте го ова во Гет, не плачете таму гласно, а во селото Офра посипете се со пепел.
11Иселете се, жители сафирски, срамно разголени; нема да се спаси ни жителката санска, плачот во селото Езил нема да ви дозволи да се задржите ни таму.
12Тагува за своето добро жителката маротска, зашто злото од Господа слезе до портите ерусалимски.
13Впрегни брзи коњи во колата, жителко лахиска, ти си почеток на гревот од ќерката Сионска, оти во тебе се појавија престапите на Израилот.
14Затоа ти ќе праќаш дарови во Моресет Гет; но населбите ахзивски ќе бидат измама за царевите израилски.
15Ќе доведам и наследник при тебе, жителко мориска; и тој ќе дојде дури до Одолам, славата на Израилот.
16Фрли ја косата своја, истрижи се – од жал за своите сакани синови; разголи ја ќелавоста своја за нив како орел што ја разголува својата, зашто тие ќе бидат одведени од тебе во ропство.

Селектирано:

Михеј 1: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност