Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јона 4

4
Јона се лути што Ниневија не е уништена, но се вразумува.
1Поради тоа Јона многу се огорчи и вознегодува.
2Па Му се помоли на Господа и рече: »О, Господи, зар не го велев тоа уште додека бев во земјата своја? Та затоа и побегнав во Тарсис, оти знаев дека Ти си Бог добар и милосрден, долготрпелив и многумилостив, па ќе се сожалиш за бедата.
3А сега, Господи, земи ја душата моја од мене, зашто подобро е да умрам отколку да живеам.«
4Господ, пак, му рече: »Зошто тоа толку многу те огорчи?«
5Тогаш Јона излезе од градот, па седна од источната страна, и таму си направи сеница и се смести во неа под ладовина, за да види што ќе стане со градот.
6Господ Бог нареди сега да израсне растение над главата на Јона, за да има над главата сенка, и да го избави од огорчението негово. Јона многу му се зарадува на тоа растение.
7И нареди Господ, вториот ден, кога зората се зазори, црви да ја подгризат тиквата, и таа се исуши.
8А кога изгреа сонцето, испрати Бог врел источен ветар, и сонцето почна да ја вжештува главата на Јона, така што тој изнемоште толку што се помоли да умре, велејќи: »Подобро е да умрам отколу да живеам.«
9А Бог му рече тогаш на Јона: »Па зар е добро тоа што се лутиш заради растението?« А тој одговори: »Многу сум лут, лут сум дури до смрт!«
10Тогаш Господ рече: »Тебе ти е жал за едно растение, за кое ти не си се трудел, ниту си го одгледувал, и кое за една ноќ израсна и се исуши,
11а Мене да не Ми е жал за Ниневија, за овој голем град, во кој живеат повеќе од сто и дваесет илјади души, кои не можат да ја разликуваат десната рака од левата, а и за многу добиток?«

Селектирано:

Јона 4: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност