Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Осија 3

3
Божјата трпеливост.
1Потоа Господ ми рече: Оди и засакај ја жената, која ги сака злото и прељубата, како што Господ ги сака синовите Израилеви, а тие гледаат по туѓи богови и ги сакаат нивните питки од грозје.
2Ја придобив за петнаесет сребреници и за гомер и полугомер јачмен;
3па ѝ реков: Остани при мене повеќе денови; не блудствувај и не оди со други; а и јас ќе бидат само со тебе.
4Зашто синовите Израилеви ќе останат долго време без цар, без кнез и без жртви, без жртвеник, без ефод и без јавување.
5Потоа синовите Израилеви ќе се повратат и ќе Го побараат Господа, својот Бог, и Давида, својот цар, ќе се чудат пред Господа на Неговата благост во последните дни.

Селектирано:

Осија 3: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се