Осија 1
MK1990

Осија 1

1
Идолопоклонство кај Израилот и казна.
1Слово Господово што беше упатено до Осија, во деновите на јудејските цареви Озија, Јоатама, Ахаза, Језекија и во деновите на Израилскиот цар Јеровоам, синот Јоасов.
2Почеток на словото Господово до Осија. Му рече Господ на Осија: »Оди и земи жена блудница, па роди деца во блудство; зашто оваа земја многу блудствува, откако отстапи од Господа.«
3И тој отиде и ја зеде Гомер, ќерката на Дивлаима, која зачна и му роди син.
4Тогаш Господ му рече: »Стави му има Језраел, зашто уште малку и Јас ќе му се одмаздам на Јујневиот дом за крвта пролеана во Језраелот и ќе го укинам царството на Израилот,
5и во тој ден ќе го поразам лакот на Израилот во долината Језраел.«
6Таа пак зачна и роди ќерка, и Он му рече: »Именувај ја Лорухама, зашто Јас веќе нема да го помилувам домот Израилев, и да им проштевам.
7А домот Јудин ќе го помилувам и ќе ги спасам преку нивниот Господ Бог, не со лак, ниту со меч, ни со војска, ниту со коњи и коњаници.«
8Потоа, откако ја одби од доење, одново зачна и роди син.
9И му рече Он: »Наречи го со името Лоам, зашто вие не сте Мој народ, и Јас нема да бидат ваш Бог.
10Но бројот на синовите Израилеви ќе биде како песокта морска, кој не ќе може ни да се измери ниту да се изброи; и место да им речат – вие не сте Мој народ – ќе им се рече – вие сте синови на живиот Бог.
11И ќе се соберат синовите Јудини и синовите Израилеви заедно и ќе си постават еден старешина и ќе излезат од земјата, зашто голем е денот на Језраелот.«

© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2017
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2017

Дознај повеќе за Свето Писмо (Гаврилова) 1990