Ппророк Језекиил 36
36
Избавување на Израилот.
1А ти сине човечки, искажи пророштво за планините Израилеви и кажи: »планини Израилеви, чујте го словото Господово.
2Вака вели Господ Бог: бидејќи непријателот вели за вас: ‚о, о, и вечните светилишта ни паднаа како дел‘;
3затоа изречи пророштво и кажи: така вели Господ Бог – токму поради тоа, што ве опустошуваат и ве грабаат од сите страни, за да станете сопственост на други народи, и да се изложите на срам и поруга,
4затоа, планини Израилеви, чујте го словото од Господа Бога – вака им вели Господ Бог на планините и на ридовите, на долиштата и долините и на запустените урнатини и напуштените градови, кои станаа грабеж и подбив за другите околни народи;
5затоа така вели Господ Бог: во Својата пламена ревност изреков слово против други народи и против сета Идумеја, кои си ја определија земјата Моја за сопственост и си ја присвоија како плен со срдечна радост и со презир во душата,
6затоа изречи пророштво за земјата Израилева и кажи им на планините и ридовите, на долиштата и на долините – вака вели Господ Бог: еве, Јас го реков тоа во ревноста Своја и во јароста Своја, оти вие носите на себе потсмев од народите.
7Затоа, така вели Господ Бог: Јас ја кренав раката своја со клетва, дека народите што се околу вас, тие самите ќе го понесат својот срам.
8А вие, планини Израилеви, проширете се и ќе принесувате плодови на Мојот народ, Израилот, зашто тие скоро ќе дојдат.
9Оти, еве, кон вас се обрнувам, и вие ќе бидете обработувани и засејувани.
10И ќе населам во вас многу луѓе, сиот дом Израилев, и градовите ќе бидат населени и урнатини обновени.
11Ќе ги намножам кај вас и луѓето и добитокот, и тие ќе се плодат и размножуваат, и ќе ве населам како што беше во поранешните времиња, ќе ви правам добро повеќе отколку во поранешните времиња, та ќе познаете, дека Јас сум Господ.
12Ќе доведам при вас луѓе, народ Мој Израилот, и тие ќе владеат со вас. Ти земјо ќе бидеш нивно наследство и кај нив ќе нема веќе луѓе бездетни.
13Така вели Господ Бог – бидејќи велат за вас: ‚ти си земја што јадеш луѓе и што правиш народот да е без деца‘,
14затоа, веќе нема да ги јадеш луѓето и во иднина нема да создаваш народ бездетен, вели Господ Бог.
15И нема веќе да слушаш потсмев од народите и нема веќе да трпиш врз себе хули од племињата, и во иднина нема веќе да ги правиш луѓето да се без деца,« вели Господ Бог.
16И би слово Господово до мене:
17»Сине човечки, кога домот Израилев живееше во својата земја, тој ја осквернуваше со поведението свое и со делата свои; патот нивни им беше пред Моето лице како нечистотија на жена, кога се чисти.
18Јас, го излеав врз нив гневот Свој за крвта, што ја пролеваа во таа земја, и заради тоа што ја осквернуваа со своите идоли.
19Ги распрснав меѓу народите и ти се расеани по земјите, ги судев според нивните патишта и според нивните гревови.
20И отидоа тие при народите, каде што го обеславија Моето свето име, оти за нив велат: ‚Тие се народ на Господа и излегоа од Неговата земја.‘
21Зажалив заради името Мое свето, што домот Израилев го обеслави кај народите, каде што отидоа.
22Затоа, кажи му на домот Израилев: вака вели Господ Бог: доме Израилев, ќе го направам тоа не заради вас, туку заради името Мое свето што го обеславивте при народите, каде што отидовте.
23Ќе го осветам великото име Свое, обеславено кај народите, меѓу кои го обеславивте, па ќе познаат народите дека Јас сум Господ, вели Господ Бог, кога ќе ја покажам светоста Своја во вас пред нив.
24Ќе ве земам од кај народите, ќе ве соберам од сите страни и ќе ве доведам во вашата земја.
25Ќе ве поросам со чиста вода и вие ќе се очистите од сите ваши осквернувања, и од сите ваши идоли ќе ве очистам.
26Ќе ви дадам ново срце, и нов дух ќе ви дадам; ќе го земам од вашето тело каменото срце и ќе ви дадам срце од месо.
27Ќе го внесам во вас Мојот дух и ќе направам да одите по заповедите Мои и да ги пазите и да ги исполнувате наредбите Мои.
28И ќе живеете во земјата, која им ја дадов на татковците ваши, и ќе бидете Мој народ и Јас ќе бидам ваш Бог.
29Ќе ве ослободам од сите ваши нечистотии, ќе го повикам житото и ќе го умножам и нема да ве оставам да трпите глад.
30Ќе ги умножам плодовите по дрвјата и полските производи, па во иднина да не трпите навреди од народите поради глад.
31Тогаш ќе се сетите за своите лоши патишта и за своите лоши дела, па ќе почувствувате одвратност од самите себе за гревовите свои и за лошите престапи.
32Тоа ќе го направам, не заради вас, вели Господ Бог, туку да ви биде јасно – црвенејте и срамувајте се од вашите патишта, доме Израилев.«
33Така вели Господ Бог: »Во оној ден, кога ќе ве очистам од сите ваши беззаконија, и ќе ве населам во градовите и ќе бидат обновени урнатините;
34и опустошената земја што беше пустиња во очите на секој минувач, ќе биде обработена,
35тогаш ќе речат: ‚оваа запустена земја стана како Едемската градина и запустените и разорени градови се зацврстија и населија.‘
36Па ќе познаат народите, што ќе останат околу вас, дека Јас, Господ, одново изградувам разрушено, засадувам запустено. Јас Господ, го реков тоа и го извршив.«
37Така вели Господ Бог: »Еве, уште и во ова ќе ја покажам милоста Своја кон домот Израилев, ќе го намножам со луѓе како стадо.
38Како што има многу жртвени овци во Ерусалим за време на празниците, така ќе бидат полни со луѓе запустените градови и ќе познаат, дека Јас сум Господ.«
Селектирано:
Ппророк Језекиил 36: MK1990
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: