Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ппророк Језекиил 35

35
Против едомските гори.
1И би слово Господово до мене:
2»Сине човечки, сврти го лицето свое кон планината Сеир, изречи против неа пророштво.
3И кажи н: Вака вели Господ Бог – еве, Јас сум против тебе, планино Сеир, ќе ја протегнам против тебе раката Своја и ќе те направам пуста и ненаселена.
4Градовите твои ќе ги претворам во развалини и ти самата ќе запустиш и ќе познаеш, дека Јас сум Господ.
5Бидејќи во тебе има вечно непријателство и синовите Израилеви ги предаваше на меч во време на нивните маки, дури и при крајот на нивните беззаконија.
6затоа, жив сум Јас, вели Господ Бог, бидејќи со крв си згрешила и крвта ќе те прогони; те гонам; оти крв не си мразела, затоа крвта ќе те гони.
7Планината Сеир ќе ја направам пуста и степа без живот, и ќе истребам во неа – и човек што доаѓа и човек што си оди.
8И ќе ги наполнам идолските светилишта со нејзините убиени; по твоите ридишта и по твоите долини и по сите твои полиња ќе паѓаат поразени од меч.
9Ќе те направам вечна пустиња и во твоите градови ќе нема живот, па ќе познаеш, дека Јас сум Господ.
10Бидејќи ти велеше – овие два народа и овие две земји ќе бидат мои и ние ќе владееме со нив, иако е Господ таму.
11Затоа, жив сум Јас, вели Господ Бог; ќе постапам со тебе според мерката на твојата омраза и твојата завист, што ја искажуваше од омразата кон нив, и ќе им се јавам кога ќе ти судам.
12И ќе познаеш, дека Јас, Господ, ги чув сите твои навреди, што ги искажуваше против планините Израилеви, велејќи: ‚запустеа, нам ни се дадени за храна!‘
13Вие се гордеете пред Мене со јазикот свој и ги умножувате зборовите свои против Мене; Јас го чув тоа.
14Така вели Господ Бог: кога целата земја ќе се радува, Јас ќе те направам пустиња.
15Како што се радуваше, што делот од Израилевиот дом запусти, така ќе направам и со тебе – ќе бидеш опустошена, планино Сеир, и цела Идумеја заедно со тебе, па ќе познаат, дека Јас сум Господ.«

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се