Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Варух 5

5
Славата на Ерусалим.
1Ерусалиме, соблечи ја од себе облеката на плачот и на твоите маки и облечи се засекогаш со убавината на Божјата слава!
2Облечи се во облеката на правдата од Бога, стави го на својата глава венецот од славата на Вечниот;
3Бог ќе му ја покаже твојата слава на целиот свет под небото.
4Бог ќе те нарече засекогаш: мир на правдата и слава на побожноста.
5Ерусалиме, стани и застани на високо место, погледај кон исток и види ги твоите деца, собрани од исток до запад, по заповед на Светиот, радосни што Бог се сетил за нив.
6Тие отидоа пеш од тебе, од непријателот водени, но Бог ќе ги доведе при тебе, носени во слава, како царски синови;
7Бог нареди да се снижат сите високи гори и вечните ридишта да се спуштат, а долините да се исполнат, да се израмни земјата, та Израилот цврсто да чекори со Божјата слава,
8а шумите и секое дрво миризливо, по Божја повелба, на Израилот сенка да му прават.
9Бог ќе го води Израилот во радост, во светлината на својата слава, придружена со милост и правда.«

Селектирано:

Варух 5: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност