Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Варух 4

4
Плачот и надежта на Ерусалим.
1Еве ја книгата на Божјите заповеди и на Законот, кој трае вечно. Тие што ја пазат – вечно ќе живеат, а ќе умрат оние што ќе ја остават.
2Врати се, Јакове, и земи ја, оди по болскотот на нејзината светлина!
3Твојата слава не давај му ја на друг, ниту она што е корисно за тебе – на народ туѓ.
4Блажени сме Израиле, што го знаеме угодното пред Бога.
5Охрабри се, народе мој, ти – спомену Израилев!
6Вие сте предадени на незнабошците – не да загинете, туку затоа што Господа Го разгневивте;
7затоа што Го разгневивте Создателот свој, принесувајќи им жртви на бесови, а не на Бога.
8Вие го заборавивте вечниот Бог, Кој ве храни, а го ожалостивте и Ерусалим, кој ве отхрани;
9кога го виде испратениот врз вас од Господа гнев, рече: »Слушајте, жители сионски, Бог ми испрати голема тага.
10Јас го видов заробувањето на моите синови и ќерки, кое Вечниот го испрати на нив.
11Јас ги хранев со радост, а ги отпуштив со бол и жалост.
12Никој нека не ми се радува на мене вдовецот, кој сум оставен од мнозина; јас опустев поради гревовите на моите деца, зашто тие се отклонија од Божјиот закон;
13не ги познаа Божјите наредби, не одеа по патот на Божјите заповеди и не чекореа по патеките и учењето на Неговата правда.
14Дојдете, сожители сионски, спомнете си за ропството на Моите синови и ќерки, кои Вечниот го испрати врз нив.
15Он испрати против нив народ далечен, бесрамен и туѓ – затоа што не се засрамија од старец и не се сожалија на младенец,
16на вдовицата ѝ ги одведоа нејзините мили синови, и осамената ја лишија од нејзините ќерки.
17А, пак, јас со што можам да ви помогнам?
18Оној Кој ги испрати врз вас тие зла, Он ќе ве избави од рацете на вашите непријатели.
19Дојдете, деца, дојдете, зашто запустев.
20Ја соблеков облеката на мирот, а се облеков во костретот на мојата молитва: во сите мои денови Господа ќе Го повикувам.
21Охрабрете се, чеда, повикајте кон Господа, Он ќе ве избави од насилство и непријателски раце.
22Зашто од почетокот се надевав на Вечниот за вашето спасение; врз Мене дојде од Светиот радост за милоста, Која скоро ќе ви дојде од Вечниот Спасител наш.
23Јас ве испраќав со тага и со жалост, но Бог ќе ве поврати при мене со радост и веселба довека.
24Зашто, како што сожителите на Сион ве видоа како ве водат во ропство, така набргу ќе го видат вашето од Бога спасение, кое ќе ви дојде со голема слава и велелепие од Вечниот.
25Деца, потрпете го Божјиот гнев што ве постигна: те прогонува твојот непријател, но набргу ќе ја видиш неговата пропаст и ќе стапиш на вратот негов.
26Моите чеда, со нежност одгледани, тргнаа по нерамни патишта; фатени се како стадо – разграбени од непријателот.
27Охрабрете се, чеда, кон Бога викајте; за вас ќе си спомне Оној, Кој ви го испрати ова.
28Каква што беше вашата решеност за да се оддалечите од Бог, зголемете ја сега десетпати – за да се свртите и да го побарате,
29зашто Он, Кој ви ги испрати овие маки, Он ќе ви испрати вечна радост со спасение.
30Охрабри се, Ерусалиме, Оној Кој ти го даде името – Он ќе те утеши!
31Тешко им на оние што те ожалостија и се радуваа на твоето паѓање!
32Тешко им на градовите, на кои им служеа твоите деца, тешко и на земјата, што ги прими твоите синови!
33Како што му се радуваше на твоето паѓање, и се веселеше на твојата пропаст, така ќе се ожалости за своето опустошување.
34Јас ќе направам да не се радува на многу народ; фалбите нејзини во жалост ќе се претворат,
35зашто врз неа ќе дојде оган до Вечниот за долги дни, и долго, долго време во неа бесови ќе живеат.
36Ерусалиме, погледни кон исток, види ја радоста, што ти доаѓа од Бога.
37Ете доаѓаат твоите синови, што ги отпушти, доаѓаат собрани од исток до запад, по заповед од Светецот, зарадувани со Божја слава.

Селектирано:

Варух 4: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност