Радувај се, ќерко Сионова, ликувај, Израеле, весели се и радувај се од сѐ срце, ќерко ерусалимска: Господ ја одмени пресудата над тебе, го изгони непријателот твој. Господ, Царот Израелов, е среде тебе: нема повеќе да се плашиш од зло. Во оној ден ќе му речат на Ерусалим: „Не бој се“ и на Сион: „Да не заслабнат рацете твои.“ Господ, твојот Бог, е среде тебе. Тој е силен да те спаси; ќе се развесели за тебе со радост, ќе те обнови според љубовта Своја, ќе се гордее за тебе со песни, како на празничен ден. Ќе ја отстранам неволјата од тебе, за да не го носиш повеќе срамот.
Прочитај Софонија 3
Сподели
Спореди ги сите верзии: Софонија 3:14-18
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа