Ликувај од радост, ќерко Сионова, извикувај, ќерко ерусалимска; ете, Царот твој се враќа кај тебе, праведен е и со победоносна сила, кроток, седнат на магаре, рожба на магарица. Тогаш ќе ги истребам колите на Ефрем и коњите на Ерусалим, и ќе се скрши бојниот лак; и Тој ќе објави мир на народите, и царството Негово ќе се протега од море до море и од Еуфрат до краиштата на земјата. А што се однесува до тебе, Израеле, заради крвта на заветот Јас ги ослободив затворените од безводните јами. Враќајте се во тврдината вие затвореници, полни со надеж! Денес навестувам дека ќе ти дадам двојно.
Прочитај Захарија 9
Сподели
Спореди ги сите верзии: Захарија 9:9-12
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа