и речи им: вака вели Господ Саваот: ‚Ете, човек, чие име е Зачетник,‘ Тој ќе израсне од коренот свој и ќе создаде храм Господов. Тој ќе создаде храм Господов и ќе се прослави, ќе седне на престолот свој и ќе биде владетел. А од Него, на престолот ќе биде и свештеник и ќе има согласност за мир меѓу едниот и другиот. А круната нека остане кај Хелдаја и Товија, за Једаја и Јошија, синот Софониев, како спомен во храмот Господов. И оддалеку ќе дојдат луѓе, кои ќе учествуваат во градењето на храмот. Ќе разберете дека Господ Саваот ме испрати кај вас, и сето тоа ќе се изврши, ако искрено го послушате гласот на вашиот Господ Бог.“
Прочитај Захарија 6
Сподели
Спореди ги сите верзии: Захарија 6:12-15
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа