И се врати оној ангел, кој зборуваше со мене, и ме разбуди, како што се разбудува човек од сон. Па ми рече: „Што гледаш?“ Одговорив: „Еве, гледам свеќник цел од злато и чашка за масло врз него, а и седум кандилца на него и по седум цевчиња за кандилцата, при врвот. И две маслинови дрвја на него – едно десно од чашката, а друго лево од неа.“ Му се обратив и му реков на ангелот, кој говореше со мене: „Што претставува ова, господине?“ И ангелот, што зборуваше со мене, одговори и ми рече: „Зар не знаеш што е тоа?“ Му реков: „Не знам, господине мој.“ Тогаш одговори и ми рече: „Тоа е словото Господово кон Зоровавел, што кажува – не со сила не со снага, а со Мојот Дух, вели Господ Саваот.
Прочитај Захарија 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: Захарија 4:1-6
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа