Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Захарија 3

3
Четврто видение: Исус и сатаната
1 # Пс 109,6; Јов 1,6; 1 Лет 21,1; Мк 1,13; Откр 12,10 Потоа ми го покажа тој Исус, великиот свештеник, кој стоеше пред ангелот Господов, и сатаната, кој стое­ше од Неговата десна страна, за да го обвинува. 2#Ис 7,4; Амос 4,11; Јуда 1,9И му рече Господ на сатаната: „Господ да те укори сатано, Господ да те укори, Оној Кој го избра Ерусалим. Зар не е Тој гламја истргната од оган?“ 3А Исус беше облечен во извалкана облека и стоеше пред ангелот, 4#Ис 6,7; Ер 31,34; Ез 36,33; Лк 15,22; Откр 19,8кој им одговараше и на оние што стоеја пред него, и им рече: „Соблечете ја од него извалканата облека“; и нему лично: „Ете, ја отфрлив од тебе вината твоја и те облекувам во свечена облека.“ 5#3 Мојс 8,9; Ис 3,23Потоа рече: „Ставете Му на главата чист повој“, и Му ставија на главата чист повој и го облекоа во свечена облека. А ангелот Господов стоеше. 6И ангелот Господов, уверливо, му рече на Исус: 7#1 Цар 2,4; 9,4; Мал 2,7„Вака вели Господ Саваот: Ако одиш по патиштата Мои и се придр­жуваш кон Моите уредби, ќе владееш со Мојот дом и ќе ги вардиш дворовите Мои. И Јас ќе ти дозволам да одиш меѓу тие луѓе што стојат овде.“ 8#6,12; Ис 4,2; 8,18; Ер 23,5„Но, послушај, Исусе, велик свеште­ниче, ти и браќата твои, што се пред твоето лице, зашто тие луѓе се познати. Еве, Јас ќе го доведам Својот слуга – Зачетникот. 9#4,10; Откр 5,6Зашто, ете, тој е каменот што го поставувам пред Исус; на тој единствен камен има седум очи; ете, Јас ќе вре­жам натпис, вели Господ Саваот, и ќе го простам гревот на оваа земја во еден ден.“ 10#1 Цар 5,5; Мих 4,4„Во тој ден, вели Господ Саваот, ќе се поканувате еден со друг под лозата и под смоквата.“

Селектирано:

Захарија 3: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност