А потоа сите што ќе преживеат, од оние кои војувале против Ерусалим, од сите народи, ќе доаѓаат од година во година, за да се поклонат на Царот, на Господ Саваот, и да го празнуваат празникот Сеници. И, ако некое од племињата земни не појде во Ерусалим, за да Му се поклони на Царот, на Господ Саваот, дожд нема да падне кај нив. И, ако племето египетско не тргне на пат и не дојде тука, и него ќе го постигне пораз, со каков што ги порази Господ оние народи, што не доаѓале да го празнуваат празникот Сеници. Таква ќе биде казната за Египет и на сите народи, кои нема да дојдат да го празнуваат празникот Сеници. Во тоа време дури на уздите од коњите ќе биде забележано „Посветен на Господ“, и котлите во домот Господов ќе бидат како жртвените садови пред жртвеникот. И сите котли во Ерусалим и во Јудеја ќе бидат посветени на Господ Саваот, и ќе доаѓаат сите што принесуваат жртва, ќе ги земат и ќе варат во нив, и нема повеќе да има ниту еден трговец во домот на Господ Саваот во тој ден.
Прочитај Захарија 14
Сподели
Спореди ги сите верзии: Захарија 14:16-21
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа