Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Тит 3:1-8

Тит 3:1-8 MK2006

Напомнувај им да се покоруваат на началствата и властите, да бидат готови за секое добро дело, никого да не хулат, да не се караат, туку да бидат мирни, и да покажуваат секаква кроткост кон сите луѓе. Бидејќи и ние некогаш бевме нера­зумни, непокорни, заблудени, бевме ро­бови на желби и на разни сладострастија, живеевме во злоба и завист, бевме одвратни, се мразевме еден со друг. А кога се јави добротата и човекољубието на нашиот Спасител, Бог, Тој нѐ спаси, но не според из­вр­ше­ни­те од нас праведни дела, туку по Сво­јата милост, преку бањата на преродување – и обновувањето од Светиот Дух, Кого изобилно Го излеа на нас преку Исус Христос, нашиот Спасител, та оправдани со Неговата благодат да станеме по надеж наследници на вечниот живот. Верни се тие зборови; и јас сакам да го утврдуваш тоа, та оние што поверувале во Бога, да се трудат и да се гри­жат за добри дела: ова е полезно и доб­ро за луѓето.