Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Тит 3:1-15

Тит 3:1-15 MK2006

Напомнувај им да се покоруваат на началствата и властите, да бидат готови за секое добро дело, никого да не хулат, да не се караат, туку да бидат мирни, и да покажуваат секаква кроткост кон сите луѓе. Бидејќи и ние некогаш бевме нера­зумни, непокорни, заблудени, бевме ро­бови на желби и на разни сладострастија, живеевме во злоба и завист, бевме одвратни, се мразевме еден со друг. А кога се јави добротата и човекољубието на нашиот Спасител, Бог, Тој нѐ спаси, но не според из­вр­ше­ни­те од нас праведни дела, туку по Сво­јата милост, преку бањата на преродување – и обновувањето од Светиот Дух, Кого изобилно Го излеа на нас преку Исус Христос, нашиот Спасител, та оправдани со Неговата благодат да станеме по надеж наследници на вечниот живот. Верни се тие зборови; и јас сакам да го утврдуваш тоа, та оние што поверувале во Бога, да се трудат и да се гри­жат за добри дела: ова е полезно и доб­ро за луѓето. А од глупави распрашувања и ро­дословија на племињата, од препирки и расправии, по однос на Законот, клони се, зашто се бесплодни и празни. Бегај од човек раздорник, откако ќе го посоветуваш еднаш или двапати, знаејќи дека таков човек се изо­па­чил, греши и дека се осудил сам себеси. Кога ќе ги пратам кај тебе Артем и Тихик, побрзај да дојдеш кај мене во Никопол, зашто решив таму да прези­мувам. Законикот Зина и Аполос погрижи се да ги приготвиш за пат, така, та да немаат потреба од ништо. И нашите нека се учат да прават добри дела за неопходните потреби, за да не бидат бесплодни. Те поздравуваат сите што се со ме­не. Поздрави ги оние кои нѐ милуваат по вера. Нека биде благодатта со сите вас. Амин!