А ти, пак, зборувај го она што се согласува со здравото учење. Старците да бидат трезвени, целомудрени, чисти, здрави во верата, во љубовта, во трпението; старичките, исто така, да живеат како што им прилега на светии – да не клеветат, да не се предаваат на многу вино, да учат за добро, за да ги вразумуваат невестите да ги сакаат мажите свои и децата свои; да бидат целомудрени, чисти, добри домаќинки, благи, покорни на своите мажи, та да не се хули словото Божјо. Исто така, советувај ги младежите да бидат чесни, а во сѐ претстави се сам како образец за добри дела, покажувајќи чистота во учењето, нерасипаност, чесност: слово здраво, без укор, та да се посрами противникот, бидејќи не ќе има да рече ништо лошо за нас.