Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Песна над песните 8:1-7

Песна над песните 8:1-7 MK2006

О, да ми беше брат мој, да беше хранет од градите на мајка ми! Тогаш, кога ќе те сретнев на улица, ќе сакав да те бакнам, и немаше да ме осудуваат. Ќе те поведев и доведев во куќата на мајка ми. Ти ќе ме учеше, а јас, пак, ќе те поев со ароматно вино, со сок од моите калинки. Левата рака негова е под главата моја, а со десната ме прегрнува. Возљубениот: Ве заколнувам, ќер­ки ерусалимски, немојте да ја раз­будувате и немојте да ја вознемирувате возљубената, сѐ додека сама не посака! Хорот: Која е таа, што доаѓа од пус­тината, потпирајќи се на својот возљубен? Возљубената: Те разбудив јас под ја­болкницата: таму те родила мајка ти, таму те добила твојата родителка. Положи ме како печат на срцето свое, како прстен на раката своја, зашто љубовта е силна како смрт; љубомората – лута како пекол; стрелите нејзини се стрели огнени; огнен жар на нејзиниот пламен. Големата вода не може да ја угасне љубовта, и реки нема да ја потопат. Ако некој го дадеше сето богатство на својот дом за љубов, тој би бил отфрлен со презир.