О, да ми беше брат мој, да беше хранет од градите на мајка ми! Тогаш, кога ќе те сретнев на улица, ќе сакав да те бакнам, и немаше да ме осудуваат. Ќе те поведев и доведев во куќата на мајка ми. Ти ќе ме учеше, а јас, пак, ќе те поев со ароматно вино, со сок од моите калинки. Левата рака негова е под главата моја, а со десната ме прегрнува. Возљубениот: Ве заколнувам, ќерки ерусалимски, немојте да ја разбудувате и немојте да ја вознемирувате возљубената, сѐ додека сама не посака! Хорот: Која е таа, што доаѓа од пустината, потпирајќи се на својот возљубен? Возљубената: Те разбудив јас под јаболкницата: таму те родила мајка ти, таму те добила твојата родителка. Положи ме како печат на срцето свое, како прстен на раката своја, зашто љубовта е силна како смрт; љубомората – лута како пекол; стрелите нејзини се стрели огнени; огнен жар на нејзиниот пламен. Големата вода не може да ја угасне љубовта, и реки нема да ја потопат. Ако некој го дадеше сето богатство на својот дом за љубов, тој би бил отфрлен со презир.
Прочитај Песна над песните 8
Сподели
Спореди ги сите верзии: Песна над песните 8:1-7
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа