Хорот: Сврти се, сврти се Суламитко, сврти се, сврти се, да те погледаме! Возљубениот: Зошто сакате да ја гледате Суламитката, како на оро манаимско? Хорот: О, колку се убави нозете твои во сандали, ќерко знаменита! Облите колкови твои се како прстени, направени од рацете на вешт уметник, папокот ти е како чаша тркалезна, никогаш без арома; утробата твоја – купа пченица, опкружена со кринови; двете твои гради – како две јаренца, како близначиња на срна. Вратот твој – како столб од слонова коска; очите твои – хешбонски езерца кај Бат-Рабимските порти; носот твој – леванонска кула, свртена кон Дамаск; главата твоја на тебе – како Кармил; а косата на главата твоја – како пурпур; и царот се заплетка во нејзините плетенки. Возљубениот: О, колку си убава, о, колку си заносна, возљубена моја, со твојата убавина! Таа твоја снага прилега на палма, а твоите гради – на гроздови. Си помислив: да се качев на палма, би се фатил за ветките нејзини; и твоите гради би биле место гроздови, и мирисот од твоите ноздри – како мирис на јаболко; устата твоја е како најдобро вино. Возљубената: Тоа тече право кон возљубениот мој, и тече нечујно преку усните кои спијат.
Прочитај Песна над песните 7
Сподели
Спореди ги сите верзии: Песна над песните 7:1-10
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа