Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Песна над песните 6:4-10

Песна над песните 6:4-10 MK2006

Возљубениот: Убава си, мила моја, како Тирца, привлечна како Еруса­лим, страшна како војска со знамиња. Тргни ги очите од мене, зашто ме збунуваат. Косата ти е како стадо кози, кога слегуваат од Галаад; забите ти се како стадо овци, кога излегуваат од капење, од кои секоја е со по две јагниња, и јалова меѓу нив нема, твоите образи под превезот твој се како две половинки од калинка. Има шеесет царици, осумдесет наложници и безброј девојки, но единствена е таа, гулабицата мо­ја, совршената моја; единствена е таа на мајка си, избрана кај родител­ката своја. Ја видоа девојките, и ја возвеличија, ја видоа цариците и наложниците, и ја пофалија. Хорот: „Која е таа, што болска како зора, убава како месечина, светла како сонце, страшна како војска со знамиња?“