Ноќва во леглото мое го барав оној, кого го сака душата моја, го барав и не го најдов. Затоа ќе станам, ќе тргнам по градот, по улиците и плоштадите, и ќе го барам оној, кого душата моја го сака. Го барав, но не го најдов. Ме сретнаа стражарите, што го обиколуваат градот: „Дали го видовте – ги прашав – оној, кого душата моја го сака?“ Но, штом ги одминав, го најдов оној, што го сака душата моја, се фатив за него цврсто и не го пуштив, додека не го одведов во куќата на мојата мајка и во одајата на родителката своја. Возљубениот: Ве заколнувам, ќерки ерусалимски, во срните и во полските кошути: немојте да ја вознемирувате возљубената, додека сама не посака.
Прочитај Песна над песните 3
Сподели
Спореди ги сите верзии: Песна над песните 3:1-5
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа