Возљубената: Да, сакам да ме целиваш со бакнежи на устата своја! Зашто твоите милувања се подобри од виното. Од пријатниот мирис на твоите масла името ти е како разлеано миро; затоа те сакаат момите. Поведи ме, да побрзаме; царот ме воведува во одаите свои, – ќе се восхитуваме и ќе се радуваме со тебе, ќе ги фалиме твоите милувања повеќе од вино. Навистина, заслужено те сакаат! Ќерки ерусалимски, црна сум, но сепак сум убава како шаторите бедуински, како завесите на Соломон. Не гледајте ме што сум црномурна, зашто сонцето ме подгорело: мајчините синови ми се налутија, ме поставија да ги чувам лозјата – но своето сопствено лозје не го зачував. Кажи ми ти, кого го сака душата моја: каде го пасеш стадото, каде пладнуваш? Зошто да бидам како скитница крај стадата на твоите другари?
Прочитај Песна над песните 1
Сподели
Спореди ги сите верзии: Песна над песните 1:2-7
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа