Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Рута 4:13-22

Рута 4:13-22 MK2006

И Вооз ја зеде Рута, и таа му стана жена. И тој влезе кај неа, и Господ ѝ даде, та зачна и роди син. И ѝ велеа жените на Ноемина: „Нека е благословен Господ, зашто не те остави денес без наследник! И нека биде славно името негово во Израел. Тој ќе ти биде обнова на животот и прехрана во старите денови твои, зашто е рожба на снаата твоја, која те сака и која ти вреди повеќе од седум синови.“ И Ноемина го зеде детето и го носеше во прегратките свои и се грижеше за него. Сосетките му дадоа име, велејќи: „На Ноемина ѝ се роди син“, и го нарекоа Овид. Тој е татко на Јесеј, тат­кото Давидов. А ова се потомците на Фарес: Фарес го роди Есром; Есром го роди Арам; Арам го роди Аминадав; Аминадав го роди Наасон; Наасон го роди Салмон; Салмон го роди Вооз; Вооз го роди Овид; Овид го роди Јесеј; Јесеј го роди Давид.