Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Рута 1:7-14

Рута 1:7-14 MK2006

И таа тргна од она место, каде што живееше, и двете снаи нејзини со неа. Кога одеа по патот, враќајќи се во јудејската земја, Ноемина им рече на двете свои снаи: „Одете и вратете се секоја во куќата на својот татко; Господ нека ви направи милост, според тоа како постапувавте со покојните и со мене! Нека ви даде Господ да најдете прибежиште секоја во куќата на својот маж!“ И ги бакна. Но тие повикаа, и заплакаа, па ѝ рекоа: „Не, ние ќе се вратиме со тебе кај твојот народ.“ А Ноемина рече: „Вратете се, ќерки мои; зошто ќе доаѓате со мене? Зарем уште имам во утробата своја синови, кои би ви станале мажи? Вратете се, ќерки мои, одете си, бидејќи сум веќе стара и не можам да се омажам; па и да речев: ‚уште имам надеж‘, и дури оваа ноќ да се омажам и подоцна да родам синови, ќе можете ли да чекате додека да пораснат? Можете ли да се воздржите да не се омажите? Не, ќерки мои, многу ми е жал за вас, зашто раката Госпо­дова се сврте против мене.“ Тие повикаа и пак заплакаа. И Ор­па се прости со свекрвата своја, а Рута остана со неа.