Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 9:17-24

Римјаните 9:17-24 MK2006

Зашто Писмото му вели на фа­ра­онот: „Токму за тоа те издигнав, за да ја покажам над тебе Својата моќ и името Мое да биде проповедано по целата земја.“ Па така, му искажува милост кому што сака, и го закоравува кого што са­ка. Но ти секако ќе ми речеш: „А зош­то тогаш уште нѐ кори?“ А кој може да се спротивстави на Неговата волја? Ама, човеку, кој си ти што така се спориш со Бога? Зарем она што е ракотворено ќе му рече на својот мајстор: зошто си ме направил такво? Или, пак, грнчарот – зарем не е гос­подар над својата глина, па од една и ис­та смеса да направи еден сад за почесна, а друг за нечесна употреба? Што, ако Бог, сакајќи да го покаже гневот Свој и да ја пројави Својата моќ, со голема долготрпеливост трпел некои садови на гневот, приготвени за погибел, за да го покаже богатството на Сво­јата слава над садовите на милосрдието што Тој однапред ги приготвил за сла­ва, над нас, кои нѐ повика не само од Јудејците, туку и од незнабошците?

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност