Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 9:1-18

Римјаните 9:1-18 MK2006

Ви зборувам вистина во името на Христос, не лажам – тоа го сведочи мојата совест во Светиот Дух – дека има голема тага и непрестана болка во моето срце. Зашто повеќе би сакал јас да бидам проклет и одвоен од Христос за браќата свои, моите сродници по тело. Тие се Израелци – ним им припаѓа посинувањето и славата и заветите, ним им беше даден Законот, и богослужење­то и ветувањата; нивни се и татковците, од кои по­тек­нува и Христос, Кој е Бог на сите, бла­гословен до века. Амин! А не е можно словото Божјо да из­не­ве­рило: бидејќи не се Израел сите оние што се од Израел. Ниту, пак, се сите потомци Авра­амови, затоа што се негови чеда; но ре­че­но е: „Од Исак потомството ќе се на­ре­че со твое име.“ Односно, не чедата на телото се чеда Божји, туку чедата на ветувањето ќе се признаат како потомци. Бидејќи зборовите на ветувањето се овие: „Во тоа време ќе дојдам и Сара ќе има син.“ И не само таа, но и Ревека, која на­еднаш зачна од Исак, нашиот татко, зашто, уште додека не се беа родиле близнаците и сѐ уште ништо не беа на­правиле, добро или лошо, за да остане Божјата одлука, онаа според слободен избор, да не зависат од делата, туку според Оној Кој повикува, ѝ беше речено: „Постариот ќе му служи на по­младиот“, како што е напишано: „Јаков го воз­љубив, а Исав го намразив.“ Што да речеме пак? Зар има не­правда во Бога? Никако! Зашто Тој му рече на Мојсеј: „Ќе покажам милост кон оној што ќе го по­милувам, и сожалување кон оној што ќе го сожалам.“ И затоа, изборот не зависи од оној кој пожелува, ниту од оној кој трча, ту­ку од Бога, Кој покажува милост. Зашто Писмото му вели на фа­ра­онот: „Токму за тоа те издигнав, за да ја покажам над тебе Својата моќ и името Мое да биде проповедано по целата земја.“ Па така, му искажува милост кому што сака, и го закоравува кого што са­ка.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност