Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 8:28-34

Римјаните 8:28-34 MK2006

А знаеме дека на оние што Го љу­бат Бога и се повикани по Негова волја, сѐ им содејствува за добро; зашто оние, кои однапред ги позна, нив и ги предопредели да бидат сооб­разни со ликот на Неговиот Син, та Тој да биде првороден меѓу многуте браќа. А оние што ги предопредели, тие и ги повика, и кои ги повика, тие и ги оп­равда; кои ги оправда, тие и ги прос­ла­ви. Што да речеме, пак, на ова? Ако е Бог со нас, кој ќе е против нас? Оној, Кој не Го поштеди ни Својот сопствен Син, туку Го предаде за нас сите, зарем нема да ни подари со Него сѐ? Кој ќе ги обвини избраниците Божји? Бог е Тој Кој ги оправдува! Кој е тој што ќе суди? Христос Исус, Кој умре, но уште и воскресна, Кој е од десната страна на Бога и се зас­тапува за нас!

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Римјаните 8:28-34