Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 8:1-14

Римјаните 8:1-14 MK2006

И сега нема никакво осудување за оние кои се во Исус Христос. Зашто законот на Духот, кој дава живот во Христос Исус, ме ослободи од законот на гревот и на смртта. Она, што законот не можеше да го направи, бидејќи беше ослабен поради телото, го изврши Бог, испраќајќи Го Синот Свој во тело, подобно на телото на гревот, и како жртва за гревот, Тој го осуди гревот во телото, за да се исполни заповедта на За­ко­нот во нас, кои живееме не по телото, туку по Духот. Зашто оние кои живеат по тело, копнеат за телесното, а кои живеат по Дух – за духовното. Копнежот на телото е смрт, а коп­не­жот на духот – живот и мир. Зашто копнежот на телото е не­при­ја­телство против Бога, тој не му се под­редува на законот Божји затоа што не може. А оние, кои живеат по телото, не можат да Му се допаднат на Бога. Вие живеете не по тело, туку по Дух, само тогаш ако Духот Божји жи­вее во вас. Ако, пак, некој нема Дух Христов, тој не е Негов. Ако, пак, Христос е во вас, телото е мртво за грев, а духот живее поради праведноста. Но ако Духот на Оној Кој Го вос­кресна Исус од мртвите живее во вас, то­гаш Оној Кој Го воскресна Христос од мртвите, ќе ги оживотвори и вашите смртни тела преку Својот Дух, Кој жи­вее во вас. И затоа, браќа, ние не сме му дол­жници на телото за да живееме по телото; бидејќи, ако живеете по телото, ќе умрете; но, ако преку Духот ги умртвувате делата на телото, ќе бидете живи. Сите оние што се управуваат по Ду­хот Божји, се синови Божји

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Римјаните 8:1-14

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност