Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 5:12-21

Римјаните 5:12-21 MK2006

Затоа, како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот – смртта, по таков начин и смртта премина на сите луѓе преку еден човек, зашто сите згрешија. Навистина и порано уште пред За­конот имаше грев во светот, но гревот како таков не може да се прифати, кога нема закон. А сепак смртта царуваше уште од Адам, па сѐ до Мојсеј и над оние што не погрешија според престапот на Адам. Тој е пралик на Оној што требаше да дојде. Но со дарот не е исто како и со престапот. Зашто ако поради престапот на еден изумреа мнозина, тогаш Бож­ја­та благодат и дарот преку благодатта на еден Човек, Исус Христос, во многу поголемо изобилство ќе се излее врз мнозина. А тој дар е сосема поинаков од гре­вот на еден што погрешил, зашто су­де­њето за еден престап води кон осудува­ње, а дарот – од многу престапи кон оправдување. Бидејќи, доколку со престапувањето на еден завладеала смртта преку ед­ниот, дотолку повеќе оние, што го при­мија изобилието на благодатта и дарот на праведноста, ќе царуваат во животот преку еден – Исус Христос. И така, како што преку еден прес­тап дојде осудувањето на сите луѓе, та­ка и преку праведното дело на еден дој­де врз сите луѓе оправданието, кое дава живот. Зашто, како што преку непос­луш­носта на еден човек мнозина станаа грешни, така исто и преку послушноста на еден, мнозина ќе станат праведни. А притоа дојде и Законот за да се наголеми престапот. Каде што, пак, се намножи гревот, таму благодатта се јавува во голема изобилност, та, како што гревот завладеал со смртта, така и благодатта да завладее преку праведноста за живот вечен, преку Исус Христос, нашиот Господ.