Впрочем ветувањето кон Авраам или кон семето негово – дека ќе биде наследник на светот – беше дадено не преку Законот, туку преку праведноста на верата. Зашто ако можат да бидат наследници само оние што имаат Закон, тогаш и верата нема никакво значење, и ветувањето е поништено; зашто Законот породува гнев; каде што, пак, нема Закон, нема ни престап. Затоа тоа е од верата, за да биде по милост, та и ветувањето да биде заздравено не само по Законот, туку и по верата за сите потомци Авраамови, кој ни е татко на сите нас, според напишаното: „Те поставив да бидеш татко на многу народи“ – пред Бога, Кому тој Му поверува, Кој ги оживува мртвите и го повикува да суштествува, она што не суштествува.
Прочитај Римјаните 4
Слушни за Римјаните 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: Римјаните 4:13-17
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа