Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 3:9-20

Римјаните 3:9-20 MK2006

Па дали имаме некакво предимство? Ни најмалку, зашто веќе ги обвинивме, како Јудејците така и Елините, дека се сите под грев, како што е напишано: „Нема праведен ниту еден, нема разумен, нема кој да Го бара Бога; сите се отклонија, заедно станаа развратни; нема кој да прави добро, не­ма ниту еден.“ „Грлото нивно – отворен гроб; со ја­зиците свои мамат; под јазиците нивни – змиски отров, устата нивна е полна со клетва и горчина. Нозете нивни им се брзи за пролевање крв; пустошење и маки по нивните па­тишта; тие не го познаа патот на мирот. Страв Божји нема пред очите нивни.“ Знаеме дека сѐ она, за што зборува Законот, се однесува на оние, што се под Законот, за да се затвори секоја ус­та, и така целиот свет да стане виновен пред Бога, зашто преку делата на Законот пред Него нема да биде оправдан никој; бидејќи преку Законот се познава гре­вот.