Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 2:1-11

Римјаните 2:1-11 MK2006

И така, немаш изговор, о човеку, кој и да си ти, зашто со каков суд судиш друг, со таков се осудуваш сам, бидејќи ти, кој судиш, го правиш истото. А знаеме дека Божјиот суд, кој, паѓа врз оние кои вршат такви работи е спо­ред вистината. Зар мислиш, о човеку, дека ќе го избегнеш Божјиот суд ти, кој ги осудуваш оние што прават такви работи, какви што правиш и сам? Или, пак, го презираш богатството на Божјата благост, стрпливост и долготрпеливост, не разбирајќи дека Бож­јата благост те води кон покајување? Но, поради твојата тврдокорност и непокајаното срце си собираш гнев за денот на гневот, кога ќе се открие пра­ведниот суд од Бога, Кој секому ќе му даде според не­го­ви­те дела: живот вечен на оние кои со трпение во добрите дела се стремат кон слава, чест и нераспадливост; јарост, пак, и гнев на оние што ѝ се непокорни на вистината, а ѝ се покоруваат на неправдата. Неволја и мака за секоја човечка ду­ша која прави зло, пред сѐ за Јудеец, а исто така и за Елин; слава и чест и мир на секој што пра­ви добро, пред сѐ за Јудеец, а исто така и за Елин! Зашто Бог не е пристрасен.