Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 16:1-16

Римјаните 16:1-16 MK2006

Ви ја препорачувам нашата се­стра Фива, која е служителка на црквата во Кенхреја: примете ја во Господ, како што им прилега на светии, и помогнете ѝ во она во што ќе има потреба од вас, бидејќи и таа им беше помошничка на мнозина, а и мене. Поздравете ги Прискила и Акила, моите соработници во Христос Исус, кои за мојата душа ја положија својата глава; ним им благодарам не само јас, туку и сите цркви од скорообрате­ни­те незнабошци и нивната домашна црква. Поздравете го мојот возљубен Епе­нет, кој е првиот плод во Христос за Азија. Поздравете ја Маријам, која многу се грижеше за вас. Поздравете ги Андроник и Јуниј, моите сонародници и созатвореници, кои се прочуени меѓу апостолите и кои уште пред мене станаа Христови. Поздравете ми го возљубениот во Господ Амплијат! Поздравете го нашиот соработник во Христос Урбан и мојот возљубен Стахиј! Поздравете го докажаниот верник во Христос Апелија! Поздравете ги до­машните од Аристовуловото семејство! Поздравете го мојот сонародник Иродион! Поздравете ги домашните на Наркис, тие, кои се во Господ. Поздравете ги Трифен и Трифос, трудбеничките за Господ. Поздравете ја почитуваната Персида, која многу се трудеше за Господ. Поздравете го избраниот во Господ Руф, како и неговата и моја мајка! Поздравете ги Асинкрит, Флегонт, Ермин, Патрова, Ерма и браќата со нив! Поздравете ги Филолог и Јулија, Ниреја и неговата сестра, и Олимпа и сите со нив светии! Поздравете се еден со друг со свет целив! Ве поздравуваат сите цркви Христови!