И така, се погрижив да го проповедам Евангелието не таму каде што името Христово беше веќе познато, за да не ѕидам врз туѓ темел. Но, како што е напишано: „Оние, на кои не им е јавено за Него, ќе видат; и оние што не беа чуле, ќе разберат.“ Токму тоа многупати ме попречуваше да дојдам кај вас. Сега, пак, бидејќи нема веќе место за мојата работа во овие земји, а уште од пред многу години копнеев да дојдам кај вас, кога ќе тргнам за Шпанија, се надевам дека ќе ве видам на минување и дека натаму вие ќе ме испратите, откако најнапред ќе ви се порадувам. А сега одам во Ерусалим за да им послужам на светиите, зашто Македонија и Ахаја одлучија да дадат некаков прилог за сиромашните светии во Ерусалим. Тие така тоа го одлучија, а и должни им се. Бидејќи, ако незнабошците станаа соучесници во нивните духовни блага, тогаш тие се должни ним да им служат со материјални блага. А откако ќе го направам ова и ќе им го запечатам овој плод, преку вашата земја ќе заминам за Шпанија. А знам дека, кога ќе дојдам кај вас, ќе дојдам со полн благослов на Христовото Евангелие. Браќа, ве молам поради нашиот Господ Исус Христос и поради љубовта на Духот, помагајте ми со своите молитви кон Бога за мене, за да се избавам од оние што не веруваат, кои се во Јудеја, и моето служење во Ерусалим да им биде благопријатно на светиите; та радосен да дојдам кај вас со Божјата волја и да се успокојам со вас. А Бог на мирот нека биде со сите вас. Амин!
Прочитај Римјаните 15
Слушни за Римјаните 15
Сподели
Спореди ги сите верзии: Римјаните 15:20-33
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа