Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 14:1-18

Римјаните 14:1-18 MK2006

Слабиот во вера прифатете го, но без расправии за мислењата! Еден верува дека може да јаде сѐ, а слабиот во верата јаде само зеленчук. Кој јаде, нека не го укорува оној што не јаде; и кој не јаде, нека не го осудува оној што јаде, бидејќи Бог го прифатил. Кој си ти што му судиш на туѓ слу­га? Пред својот господар тој стои или паѓа, а ќе стои исправено, зашто Бог има моќ да го исправи. Така некој разликува еден ден од друг, а некој друг, пак, сите денови ги смета еднакви. Секој нека биде наполно уве­рен во своето мислење. Оној што ги разликува деновите, ги разликува за Господ; и кој не ги разли­кува деновите, за Господ не ги разликува. Кој јаде, за Господ јаде, зашто Му благодари на Бога; и кој не јаде, за Господ не јаде и Го фали Бога. Зашто никој од нас не живее за себе и никој не умира за себе; туку, било да живееме или да умира­ме, за Господ живееме и за Господ умираме, – ние Му припаѓаме на Господ. Според тоа – живееме ли, умираме ли – Господови сме. Бидејќи Христос затоа и умре и вос­кресна и оживеа, за да господари и над мртвите, и над живите. А ти, зошто го осудуваш братот свој! Или ти, што го укоруваш братот свој? Зашто сите ќе застанеме пред су­дот Христов. Зашто е напишано: „Јас сум жив, ве­ли Господ, зашто пред Мене ќе се свитка секое колено и секој јазик ќе Го славослови Бога.“ И така, секој од нас ќе одговара пред Бога за себе. Затоа, пак, да не се судиме еден со друг, туку подобро расудувајте за тоа вака: не поставувај му на својот брат спрепка или соблазна. Знам и уверен сум преку Господ Исус Христос дека нема ништо нечисто само по себе; освен кога некој мисли де­ка е нешто нечисто, за него тоа е нечис­то. А ако, пак, братот твој се скрби по­ради тоа што го јадеш, ти веќе не пос­тапуваш според љубовта. Не погубувај го со своето јадење оној за кого Христос умре. Нека не се хули на она што е добро според вас! Царството Божјо не е во јадењето или пиењето, туку во праведност и мир и радост во Светиот Дух. Зашто, оној кој Му служи на Хрис­тос со овие работи, тој Му се допаѓа на Бога и мил им е на луѓето.