Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 11:25-36

Римјаните 11:25-36 MK2006

Сакам, браќа, за да не си помислите во себе дека сте мудри, да ја знаете оваа тајна: дека закоравувањето само со еден дел падна врз Израел, додека да настапи потполноста на незнабошците. И така целиот Израел ќе биде спа­сен, како што е напишано: „Ќе дојде од Сион Ослободителот и ќе ја одврати безбожноста од Јаков. И тоа им е ним завет од Мене кога ќе ги одземам нивните гревови.“ Со оглед на Евангелието, тие се не­пријатели Божји поради вас; но со оглед на изборот, тие се возљубени од Бога за­ради татковците, зашто даровите и повикот Божји се неотповикливи. Како што и вие некогаш бевте не­послушни кон Бога, а сега се здобивте со милост, поради нивната непослуш­ност, така и тие сега станаа непослушни, поради вашето помилување, та и самите да се здобијат со милост. Зашто Бог ги затвори сите со не­послушност, па кон сите да покаже ми­лост. О, длабочино на богатство, мудрост и знаење Божјо! Колку се несфатливи Неговите судови и неистражливи Него­ви­те патишта! Зашто, кој ја познал мислата на Господ? Или, кој Му бил советник? Или, кој однапред Му дал нешто за да му биде отплатено? Зашто, сѐ е од Него, според Него и за Него. Нему слава во вечни векови. Амин!