Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 11:13-26

Римјаните 11:13-26 MK2006

Вам, незнабошци, ви велам; до кол­ку сум јас апостол на незнабошците, ја прославувам својата служба, та некако да возбудам ревност во својот род по тело, и некого од нив да спасам. Зашто, ако нивното отфрлање зна­чи измирување за светот, тогаш што ли друго ќе значи нивното примање, ако не оживување од мртвите? Ако првиот дел од тестото е свет, тогаш свето е и целото тесто: и ако е коренот свет, свети се и гранките. Ако, пак, некои од гранките се ск­р­шени, а ти, кој си дива маслинка, си бил прикалемен на нивното место и си ста­нал заедно со нив соучесник во сочниот корен на маслинката, не биди горделив пред гранките! А ако сепак, се возгордееш, треба да зна­еш дека ти не го држиш коренот, туку коренот тебе! Но ти тогаш ќе кажеш: гранките беа откршени за да бидам јас прикалемен. Добро. Тие поради неверие беа от­кршени, а ти поради вера се држиш: не­мој да бидеш горделив, туку имај страв. Зашто, ако Бог не ги поштедил при­родните гранки, нема ни тебе да те поштеди. Гледај ја, пак, Божјата благост и строгост: строгост кон отпаднатите, а благост кон тебе, ако издржиш во бла­госта; во спротивно, и ти ќе бидеш от­сечен. Но, тие, ако не останат во неверието, ќе бидат прикалемени, зашто Бог има моќ пак да ги прикалеми. Зашто, ако си ти откинат од мас­линка која е по природа дива, и против природата си прикалемен на питома маслинка, тогаш колку полесно ќе би­дат прикалемени на својата маслинка оние кои по природа потекнуваат од неа. Сакам, браќа, за да не си помислите во себе дека сте мудри, да ја знаете оваа тајна: дека закоравувањето само со еден дел падна врз Израел, додека да настапи потполноста на незнабошците. И така целиот Израел ќе биде спа­сен, како што е напишано: „Ќе дојде од Сион Ослободителот и ќе ја одврати безбожноста од Јаков.