Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 11:11-36

Римјаните 11:11-36 MK2006

Ви велам пак: зар се сопнаа за да паднат? Не! Но со нивниот престап дој­де спасението за незнабошците, за да се возбуди во нив ревност. Ако, пак, нивниот престап значи богатство за светот, и нивниот намален број – богатство за незнабошците, колку повеќе ќе значи нивната потполност. Вам, незнабошци, ви велам; до кол­ку сум јас апостол на незнабошците, ја прославувам својата служба, та некако да возбудам ревност во својот род по тело, и некого од нив да спасам. Зашто, ако нивното отфрлање зна­чи измирување за светот, тогаш што ли друго ќе значи нивното примање, ако не оживување од мртвите? Ако првиот дел од тестото е свет, тогаш свето е и целото тесто: и ако е коренот свет, свети се и гранките. Ако, пак, некои од гранките се ск­р­шени, а ти, кој си дива маслинка, си бил прикалемен на нивното место и си ста­нал заедно со нив соучесник во сочниот корен на маслинката, не биди горделив пред гранките! А ако сепак, се возгордееш, треба да зна­еш дека ти не го држиш коренот, туку коренот тебе! Но ти тогаш ќе кажеш: гранките беа откршени за да бидам јас прикалемен. Добро. Тие поради неверие беа от­кршени, а ти поради вера се држиш: не­мој да бидеш горделив, туку имај страв. Зашто, ако Бог не ги поштедил при­родните гранки, нема ни тебе да те поштеди. Гледај ја, пак, Божјата благост и строгост: строгост кон отпаднатите, а благост кон тебе, ако издржиш во бла­госта; во спротивно, и ти ќе бидеш от­сечен. Но, тие, ако не останат во неверието, ќе бидат прикалемени, зашто Бог има моќ пак да ги прикалеми. Зашто, ако си ти откинат од мас­линка која е по природа дива, и против природата си прикалемен на питома маслинка, тогаш колку полесно ќе би­дат прикалемени на својата маслинка оние кои по природа потекнуваат од неа. Сакам, браќа, за да не си помислите во себе дека сте мудри, да ја знаете оваа тајна: дека закоравувањето само со еден дел падна врз Израел, додека да настапи потполноста на незнабошците. И така целиот Израел ќе биде спа­сен, како што е напишано: „Ќе дојде од Сион Ослободителот и ќе ја одврати безбожноста од Јаков. И тоа им е ним завет од Мене кога ќе ги одземам нивните гревови.“ Со оглед на Евангелието, тие се не­пријатели Божји поради вас; но со оглед на изборот, тие се возљубени од Бога за­ради татковците, зашто даровите и повикот Божји се неотповикливи. Како што и вие некогаш бевте не­послушни кон Бога, а сега се здобивте со милост, поради нивната непослуш­ност, така и тие сега станаа непослушни, поради вашето помилување, та и самите да се здобијат со милост. Зашто Бог ги затвори сите со не­послушност, па кон сите да покаже ми­лост. О, длабочино на богатство, мудрост и знаење Божјо! Колку се несфатливи Неговите судови и неистражливи Него­ви­те патишта! Зашто, кој ја познал мислата на Господ? Или, кој Му бил советник? Или, кој однапред Му дал нешто за да му биде отплатено? Зашто, сѐ е од Него, според Него и за Него. Нему слава во вечни векови. Амин!