И затоа, ви велам: Зар Бог го отфрли Својот народ? Никако! Зашто и јас сум Израелец, од семето Авраамово, од коленото Венијаминово. Бог не го отфрли Својот народ, кој однапред го одбра. Или, пак, не знаете што кажува Писмото за Илија, како тој Му се пожали на Бог Израелов, велејќи: „Господи, ги убија пророците Твои и ги раскопаа жртвениците Твои; јас останав сам, и сакаат да ми ја земат душата.“ А како му вели Божјиот одговор: „Си оставив седум илјади мажи, кои не ги свиткаа колената пред Ваал.“ Така и во сегашно време има еден остаток избран по благодат. Но, ако е по благодат, не е веќе по дела, зашто тогаш благодатта не би била благодат. И што тогаш? Израел не го доби она што го бараше; избраните, пак, го добија, а другите се закоравија, како што е напишано: „Бог им даде дух што не чувствува: очи да не гледаат и уши да не слушаат, сѐ до денешниов ден.“ И Давид вели: „Трпезата нивна да им биде стапица, клопка, соблазна и отплата; да им се замрачат очите нивни за да не гледаат, и грбот нивни да им се свитка засекогаш.“
Прочитај Римјаните 11
Слушни за Римјаните 11
Сподели
Спореди ги сите верзии: Римјаните 11:1-10
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа