Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 10:1-13

Римјаните 10:1-13 MK2006

Браќа, желбата на моето срце и на мојата молитва кон Бога за Израел е за негово спасение. Јас им сведочам дека тие имаат рев­ност за Бога, но не според сознанието. Зашто, не знаејќи за Божјата пра­ведност и тежнеејќи да воспостават сво­ја сопствена праведност, тие не ѝ се подредија на Божјата праведност, бидејќи крајната цел на Законот е Христос, за да биде оправдан секој што во Него верува. Мојсеј пишува за праведноста на Законот: „Кој ќе го исполни, тој ќе биде преку него жив.“ А праведноста од верата вели: „Да не речеш во срцето свое: Кој ќе се ис­ка­чи на небото?“, што значи да се симне Христос, или: „Кој ќе слезе во бездната?“, што значи да се изведе Христос од мртвите! А што вели таа? – „Блиску до тебе е словото, во твојата уста и во твоето ср­це“, односно словото на верата, што го проповедаме, зашто, ако со устата исповедаш дека Исус е Господ и во срцето свое поверуваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ќе се спасиш; бидејќи со срцето се верува за оправдание, а со устата се исповеда за спасение. А и Писмото вели: „Секој кој верува во Него, нема да се посрами.“ Нема разлика меѓу Јудеец и Елин, зашто еден и ист е Господ на сите, богат за сите кои Го повикуваат. Бидејќи секој кој ќе го повика име­то Господово, ќе биде спасен.