Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 1:21-32

Римјаните 1:21-32 MK2006

Зашто, кога Го познаа Бога, тие не Го прославија како Бог, ниту пак, Му благодарија, туку се заблудија во своите помисли, и нивното неразумно срце им се помрачи; тврдејќи дека се мудри, тие обезумија, и славата на непропадливиот Бог ја заменија со лик на смртен човек, на птици, на четириножни животни и на лазачи. Затоа и Бог, според желбите на ср­цата нивни, ги предаде на нечистота, па сами да си ги обесчестуваат своите те­ла. Тие ја заменија вистината Божја со лага и му се поклонија и му служеа на создаденото повеќе отколку на Соз­да­те­лот, Кој е благословен во вечни векови. Амин! Затоа Бог ги предаде на срамни страсти: жените нивни природните по­треби ги заменија со противприродни. И мажите исто така, напуштајќи го природното општење со женскиот пол, се распалија со желби еден кон друг, и вршеа срамни работи мажи со мажи, добивајќи ја заслужената отплата за својата изопаченост. И бидејќи не се обидоа да Го задржат Бога во разумот свој, затоа Бог ги предаде на нивниот изопачен ум – да го прават она што не прилега, исполнети со секаква неправда, лу­кавство, алчност, злоба; полни со за­вист, убиства, кавги, измами, злонамерност; озборувачи, клеветници, богомрасци, насилници, фалбаџии, горделивци, измислувачи на зло, непослушни кон родителите, неразумни, неверни, недружељуби­ви, непомирливи, немилостиви. Тие, иако ја познаваат праведната одредба Божја дека оние, што вршат такви дела, заслужуваат смрт, сепак не само што ги вршат, туку се благона­кло­нети и кон оние што ги вршат.