Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Откровение 7:1-17

Откровение 7:1-17 MK2006

Потоа видов четири ангела како стојат на четирите агли од земјата, држејќи ги четирите земни ветрови, за да не дува ветар ни на земјата, ни по мо­рето, ниту на некое дрво. И видов друг ангел како се подига­ше од исток кој имаше печат на живиот Бог. И тој извика со висок глас кон че­тирите ангели, на кои им беше дадено да ѝ пакостат на земјата и морето, велејќи: „Не пакостете ѝ на земјата, ниту на морето, ниту, пак, на дрвјата, додека не им ставиме печат врз челата на слугите на нашиот Бог!“ И го чув бројот на одбележаните со печат: сто четириесет и четири илјади беа одбележани од сите колена на синовите Израелови. Од Јудиното колено со печат од­бе­ле­жани – дванаесет илјади; од Рувимовото колено – дванаесет илјади; од Гадовото колено – дванаесет илјади; од Асировото колено – дванаесет илјади; од Нефталимовото колено – два­наесет илјади; од Манасиевото колено – дванаесет илјади; од Симеоновото колено – дванаесет илјади, од Левиевото колено – дванаесет илјади; од Исахаровото колено – дванаесет илјади; од Завулоновото колено – дванаесет илјади; од Јосифовото колено – дванаесет илјади; од Венијаминовото колено – дванаесет илјади. Потоа видов, и ете, големо мноштво народ, кое никој не можеше да го преброи, – од сите племиња и колена, народи и јазици; тие стоеја пред престолот и пред Јагнето, облечени во бели облеки и со палмови гранчиња во рацете. И воскликнуваа со висок глас, ве­лејќи: „За спасението наше слава на на­шиот Бог, Кој седи на престолот, и на Јагнето!“ А сите ангели стоеја околу пре­сто­лот, старешините и четирите животни, и паднаа ничкум пред престолот и Му се поклонија на Бога, велејќи: „Амин! Благослов и слава, мудрост и благодарност, чест и сила и моќ на нашиот Бог во сите векови. Амин!“ А еден од старешините прозборе и ме праша: „Оние, облечени во бели об­леки, кои се и од каде дошле?“ А јас му одговорив: „Ти знаеш, господине.“ А тој ми рече: „Тие се што дојдоа од големи маки; тие ги испраа облеките свои и ги избелија со крвта на Јагнето. Затоа се пред престолот на Бога, Кому Му служат во Неговиот храм и дење и ноќе; и Оној, Кој седи на прес­то­лот, ќе се всели во нив; и нема веќе да огладнат, ниту, пак, да ожеднат; нив нема да ги пече сонцето и никаква горештина; бидејќи Јагнето, Кое е среде прес­толот, ќе ги пасе и води на живи извори водни, и Бог ќе им ја избрише секоја солза од очите нивни.“