Потоа видов и чув глас на многу ангели околу престолот и околу животните и старешините, а бројот им беше илјадници и милиони, кои зборуваа со висок глас: „Достојно е закланото Јагне да прими сила и богатство, мудрост и моќ, чест, слава и благослов!“ И секое создание на небото и на земјата, под земјата и во морето, и сѐ што е во нив, чув како зборува: „На Оној Кој седи на престолот, и на Јагнето – благослов и чест, слава и владеење во сите векови!“ А четирите животни велеа: „Амин!“ И дваесет и четирите старешини паѓаа и Му се поклонуваа на вечно Живиот.
Прочитај Откровение 5
Слушни за Откровение 5
Сподели
Спореди ги сите верзии: Откровение 5:11-14
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа