Биди буден и утврдувај ги оние што се на умирање; бидејќи делата твои не ги најдов совршени пред Мојот Бог. Спомни си за она што си го примил и чул, и послушај го, и покај се. Ако не бидеш буден, ќе дојдам против тебе како крадец, и нема да дознаеш кога ќе дојдам против тебе. Но во Сард имаш неколку имиња што не ги осквернија алиштата свои. Тие ќе одат со Мене во бела облека, бидејќи се достојни. Кој победува ќе биде облечен во бела облека, и нема да му го избришам името негово од книгата на животот, туку ќе го признаам името негово пред Мојот Отец и пред Неговите ангели. Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите.
Прочитај Откровение 3
Слушни за Откровение 3
Сподели
Спореди ги сите верзии: Откровение 3:2-6
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа