И градот немаше потреба ни од сонце, ни од месечина за да светат во него, зашто Божјата слава го осветлува, а светило му е Јагнето. И спасените народи ќе одат по неговата светлина, и царевите земни ќе ја принесат во него својата слава и чест. А портите негови нема да се заклучуваат дење, бидејќи таму нема да има ноќ. И ќе ја внесат во него славата и честа на народите; и нема во него да влезе ништо нечисто, ни оној кој врши гнасни работи и лаже, а само оние кои се запишани во книгата на животот на Јагнето.
Прочитај Откровение 21
Слушни за Откровение 21
Сподели
Спореди ги сите верзии: Откровение 21:23-27
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа