На ангелот на Ефеската црква напиши му: ова го вели Оној Кој ги држи седумте ѕвезди во десницата Своја, Кој оди среде седумте свеќници; ги знам делата твои, трудот твој и трпението твое, и дека не можеш да ги поднесеш лошите; знам дека си ги испитал оние што себеси се нарекуваат апостоли, а не се, и дека си утврдил дека се лажговци; дека имаш трпение, дека си поднесувал за името Мое и дека не си се уморил. Но имам нешто против тебе, зашто ја остави својата прва љубов. Спомни си од каде си паднал и покај се, и врши ги поранешните дела; ако не, скоро ќе ти дојдам и ќе го преместам свеќникот твој од местото негово, ако не се покаеш. А ова го имаш: ги мразиш делата на николаитите, кои и Јас ги мразам. Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на Црквите: – на оној што победува ќе му дадам да јаде од дрвото на животот што е сред Божјиот рај. И на ангелот на Смирненската црква напиши му: така вели Првиот и Последниот, Кој беше мртов и еве оживеа: ги знам твоите дела, скрбта и сиромаштијата – но ти си богат: и хулењата на оние, кои за себе велат дека се Јудејци, а не се, туку се сатанска збирштина. Не плаши се воопшто од она што ќе треба да го истрпиш. Ете, ѓаволот некои од вас ќе фрли в затвор за да ве искуша, и ќе бидете нажалени десетина дни. Биди верен до самата смрт и ќе ти го дадам венецот на животот. Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите: на победникот, втората смрт нема да му нанесе штета.
Прочитај Откровение 2
Слушни за Откровение 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: Откровение 2:1-11
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа