Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Откровение 19:11-21

Откровение 19:11-21 MK2006

И го видов небото отворено, и ете, бел коњ и Оној Кој јаваше на него се вика Верен и Вистинит, и Тој праведно суди и војува; очите Му беа како огнен пламен, а на главата имаше многу круни и напи­шано име кое освен Него, никој не го знаеше. И беше облечен во облека натопена со крв, и со името – Слово Божјо. А небесните војски, облечени во бел и чист висон, врвеа по Него на бели коњи. Од устата Негова излегуваше остар меч за да ги казни со него идолопоклониците. Тој ќе ги пасе со железен же­зол и ќе ја изгази кацата со вино на ја­роста и гневот на Бога Седржителот. На облеката и на бедрото Негово беше напишано името: „Цар над царевите“ и „Господар над господарите.“ Потоа видов еден ангел како стои на сонцето; тој извика со висок глас и им рече на сите птици што летаа сред небото: „Долетајте и соберете се на го­лемата Божја вечера, да јадете тела на цареви, тела на војводи, тела на силни, тела на коњи и на нивните јавачи, и тела на сите – слободни и робови, мали и големи!“ Тогаш го видов ѕверот и земните цареви и нивните војски собрани за да војуваат против Оној Кој седеше на коњ, и Неговата војска. Ѕверот беше фатен, а заедно со него и лажниот пророк, кој правеше чуда пред него, та ги соблазни оние што беа примиле белег од ѕверот и ѝ се поклонуваа на неговата биста: и обајцата живи беа фрлени во огненото езеро со запален сулфур; другите, пак, беа убиени со мечот што излегуваше од устата на Оној Кој седеше на коњот. И сите птици се наситија од телата нивни.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност