А по ова видов како слегува од небото друг ангел кој имаше голема власт: и земјата светна од неговиот болскот. И извика силно, зборувајќи со висок глас: „Падна, падна великиот Вавилон, и стана ѓаволско живеалиште и засолниште на секаков нечист дух, врталиште на сите нечисти и гадни птици; зашто со отровното вино на своето блудство ги напои сите народи. И царевите земни блудствуваа со неа, а трговците земни се збогатија од нејзината голема раскош!“ И чув друг глас од небото како вели: „Излезете од неа, луѓе Мои, за да не соучествувате во гревовите нејзини, и да не добиете од казните нејзини
Прочитај Откровение 18
Слушни за Откровение 18
Сподели
Спореди ги сите верзии: Откровение 18:1-4
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа