Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Откровение 17:5-18

Откровение 17:5-18 MK2006

А на челото ѝ беше напишано име­то: „Тајна, великиот Вавилон, мајка на блудниците и на земните гнасотии.“ И ја видов жената како се опива со крвта на светиите и со крвта на сведо­ците Исусови; и се зачудив многу кога ја видов. И ми рече ангелот: „Што се чудиш? Јас ќе ти ја кажам тајната на оваа жена, и на ѕверот, што ја носи и има седум глави и десет рогови. Ѕверот, што го виде ти, беше и го не­ма; тој ќе излезе од бездната и ќе за­ги­не; и земните жители, чии имиња не се запишани во книгата на животот од созданието на светот, ќе се почудат, кога ќе видат дека ѕверот беше и го нема, иа­ко постои. Овде е потребен ум што има муд­рост. Седумте глави, тоа се седумте го­ри врз кои седи жената; а седумте цареви, од кои петмина паднаа, едниот постои, другиот уште не дошол; и кога ќе дојде, малку ќе остане. И ѕверот што беше и кого што го нема, е осми; тој е еден од седумте и ќе загине. А десетте рогови, што ги виде, се десет цареви, кои царства уште не при­мија, туку како цареви ќе добијат власт само за извесно време заедно со ѕверот. Тие имаат една мисла, и силата и власта своја ќе му ја предадат на ѕверот. Тие ќе војуваат против Јагнето, и Јагнето ќе ги победи, зашто Тој е Гос­подар над господарите и Цар над царевите, и оние, што ќе се со Него, се повикани и избрани и верни.“ И ми рече: „Водите што ги виде ти, каде што седи блудницата, тоа се лу­ѓе­то и народите, племињата и јазиците. А десетте рогови, што ги виде на ѕверот, тие ќе ја замразат блудницата, ќе ја запустат и оголат, и телото нејзино ќе го изедат, а неа самата на оган ќе ја изгорат. Зашто Бог им даде во срцата нивни да ја исполнат волјата Негова, да се до­говорат и да го дадат царството свое на ѕверот, додека не се исполни словото Божјо. А жената, која ја виде ти, е го­ле­ми­от град кој царува над земните цареви.“